Skype Me™!

Курсеви

  • ОСНОВНО НИВО
  • НАПРЕДНО НИВО

Сертифицирани курсеви – Basic Level



Теми:

  1. Основни материјали и техники
  2. Текстури
  3. Декорација co сребрена глина во шприц
  4. Вградување на синтетички камења
  5. Сушење и печење на сребрената глина
  6. Завршни техники и полирање

Проекти:

  1. Основен прстен - вградување на синтетички камен во готова основа
  2. Привезок - репродукција на природен лист
  3. Привезок - вградување на синтетички камења во сребрена глина
  4. Oбетки Филигран - декорација co сребрена глина во шприц
  5. Брош - текстура на дрво и вградување на синтетички камења
  6. Широк прстен - декорација со сребрена глина во шприц
  7. Прстен - вградување на речен Бисер и декорација co сребрена глина во шприц
* Во цената на овој курс e вклучен материјалот за работа, сребрени елементи и комплет алатки, потребни за изработка на вкупно седум проекти.
- За себе ги задржувате изработниот накит на овој курс и комплетот од алатки.
* Времетраењето на овој курс е 32 - работни часови.

* Услов за добивање на сертификат:
- Сите проекти мора да бидат успешно завршени.
- Доколку не ги завршите сите седум проекти за времетраење на курсот, можете истите да ги донесете подоцна на увид и тогаш ќе Ви биде издаден сертификат.

* По завршување на курсот, добивате сертификат за успешно завршено:
- Основно ниво за работа со сребрена глина - Basic Level in Art Clay Silver.

* Добивате попуст на материјали, глина и алатки кај овластен дистрибутер.

* Самостојно ќе изработувате професионален уникатни накит, за само 4-дена обука.

* Oвој сертификат Ви овозможува да вршите обука на почетници.
- Тоа се еднодневни несртифицирани работилници, во кои се презентираат основни техники и материјали од Art Clay производите.
- Проектите се едноставни и не содржат модели од сертифицираните курсеви.
- Повеќе информации за ваквите работилници, следат по добивање на сертификат од ова ниво на обука.

* Групите, распоредот и местот за одржување на курсевите се одредува во зависност од пријавените кандидати, на целата територија на Македонија, Србија и Црна Гора.
- Бројот на кандидати во една група е најмногу 6 лица.
- Курсевите редовно се одржуваат во Скопје, Белград и Ниш.

* Периодот помеѓу одржување на Basic Level и Advanced Level, е 6 месеци.

* Информации за цената и распоредот на одржување на курсевите, на заинтересираните кандидати им се испраќа преку е-меил.

     * Art Clay сертифицираните курсеви ги води: Senior Art Clay Instructor - Катерина Илиева.

 

Сертифицирани курсеви – Advanced Level



Теми:

  1. Техники на гравирање и шмирглање
  2. Вградување природен камен во глина
  3. Комбинирање на сребрена глина и стакло
  4. Поврзување на два различни метали - сребрена и бакарна глина
  5. Комбинирање на сребрена глина и златнa 24 K фолија
  6. Техники на патинирање - сулфуризација
  7. Вградување на повеќе синтетички камења, во сребрена глина

Проекти:

  1. Прстен - гравирање и техники на патинирање - сулфуризација
  2. Игла за кравата со Mалахит - вградување природен камен
  3. Брош - комбинирање на сребрена глина и стакло
  4. Прстен - поврзување на два различни метали, сребрена и бакарна глина
  5. Привезок - комбинирање на сребрена глина и златнa 24 K фолија
  6. Брош - поставување на повеќе синтетички камења во сребрена глина
* Во цената на овој курс e вклучен материјалот за работа, сребрени елементи и дополнителен комплет алатки, потребни за изработка на шесте проекти.
- Препорака: Понесете го со Вас, комплетот на алатки од Основното ниво.
- За себе ги задржувате изработниот накит на овој курс и комплетот од алатки.

* Времетраењето на овој курс е 40-работни часови.

* Услов за добивање на сертификат:
- Сите проекти мора да бидат успешно завршени.
- Доколку не ги завршите сите шест проекти за времетраење на курсот, можете истите да ги донесете подоцна на увид и тогаш ќе Ви биде издаден сертификат.

* По завршување на курсот, добивате сертификат за успешно завршено:
- Напредно ниво за работа со златна и сребрена глина - Advanced Level in Art Clay Gold and Silver.

* Добивате поголем попуст на материјалите, глината и алатките кај овластен дистрибутер.

* Користејќи ги техниките од Основното ниво, самостојно ќе изработувате професионален уникатни накит, за само 5-дена додатна обука.

* Oвој сертификат Ви овозможува да вршите обука на почетници.
- Тоа се еднодневни несртифицирани работилници, во кои се презентираат основни техники и материјали од Art Clay производите.
- Проектите се едноставни и не содржат модели од сертифицираните курсеви.
- Повеќе информации за ваквите работилници, следат по добивање на сертификат од ова ниво на обука.

* Групите, распоредот и местот за одржување на курсевите се одредува во зависност од пријавените кандидати, на целата територија на Македонија, Србија и Црна Гора.
- Бројот на кандидати во една група е најмногу 6 лица.
- Курсевите редовно се одржуваат во Скопје, Белград и Ниш.

* Периодот помеѓу одржување на Basic Level и Advanced Level, е 6 месеци.

* Информации за цената и распоредот на одржување на курсевите, на заинтересираните кандидати им се испраќа преку е-меил.

* Art Clay сертифицираните курсеви ги води: Senior Art Clay Instructor - Катерина Илиева.
 
* Што следува по завршувањето на овие две нивоа?
- Доколку сакате Вие да вршите обука на нови кандидати за Основно и Напредно ниво, потребно е да се положи испит за статусот на постар инструктор - Senior Art Clay Instructor.
- По завршувањето на Напредното ниво, заинтересираните кандидати ќе ги добијат сите потребни информации за самиот испит.
designed by IB
Total Pageviews: